речник контакт

Во Велешка болница одбележан 7 април, Денот за здравјето (фото)

Покрај сите пречки и потешкотии, последните неколку години Велешката болница прикажа дека го подигнува квалитетот на работењето иако се свесни за нивните слабости, недостиг на здравствен персонал, доктори, сестри,администратори

Петар Печков

Светскиот ден на здравјето 7 април годинава се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“. По неколку години пауза поради здравствениот предизвик од ковид-19, овој ден се одбележа и во Општа болница Велес. 

Покрај сите пречки и потешкотии, последните неколку години Велешката болница  прикажа дека има  подигање  на квалитетот на работењето.  

Овој период набавени биле нов апарат за анестезија, фибер ендоскоп, видео колоноскоп, ултразвучен колор доплер за кардиолошки прегледи, ултразвучен ехо апарат, колор доплер за гинекологија, респиратор во интензивна нега, батериски борер за оддел за ортопедија, понапреден апарат за Компјутерска томографија,кој работи континуирано, комплетна дигитализација на оддел за радиологија,со 24 часовна покриеност од 11  доктори радиолози од Универзитетска клиника за хируршки болести, формиран е Кабинет за дојка,а од први април одделот за радиологија започна со Скрининг на дојка кај навидум здрави жени, воведена е нова метода на оддел за ортопедија,каде успешно се изведуваат ендопеотетски операцииденовиве е отворена новата ургентна единица, каде се згрижуваат сите пациенти на едно место, на  уво, грло нос  одделот започнува со давање на здравствени услуги двајца специјалисти од Штипскиот клинички центар. 

Раководстото се пофали дека во овој период реализирани се 63 вработувања на неопределено време,со што се унапредија условите за подобар третман на пациентите, на одделот за педијатрија се проширени  услугите со отворање на кабинет за ехо, каде проф.др. Велибор Тасиќ реализираше консултативни прегледи од областа на нефрологијата.

Од болницата се  свесни и за нивните  слабости, недостиг на здравствен персонал, доктори, сестри,администратори.

Во свеченоста се  заблагодарија на крводарителите, дел од персоналот на болницата.  Свеченоста не помина и  со благодарност кон новите пензионери дел од вработените во оваа здравствена институција,за нивниот придонес и долгогодишен ангажман во зачувување на здравјето на пацеиентите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »