речник контакт

Во Велешката касарна, во крводарителска акција, собрани 52 крвни единици

Повеќето од нив, 40-тимина прв пат дарувале крв

Петар Печков

Припадниците на Армијата ја покажаа својата хуманост и во вчерашната крводарителска акција собрани беа 52 крвни единици. Таа се реализираше во касарна „Алексо Демниевски – Бауман“  во соработка Општинскиот Црвен  крст на Велес.   

Поголем дел од дарителите или 44 беа мажи, додека останатите осум се припаднички на понежниот пол. Над 40-мина од дарителите за прв пат даруваа крв.

Најмногу од дарителите беа војниците доброволци на 39-тата генерација која воениот рок  го отслужува во велешката касарна. Помал дел се војниците кои се дел од професионалниот состав во Армијата, како и вработените цивилни лица во касарната.

Во мартовската крводарителска акција во касарната ,,Алексо Демниевски Бауман,, беа собрани 75 крви единици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »