Петар Печков
Објавено: петок, 17 август 2018
Со пригодна свеченост и награди и признанија за дел од припадниците на АРМ, денес во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, беше одбележан 18 август Денот на АРМ. Пред присутните се обрати полковник Стојанче Тодоров.
Нашите припадници и воениот кадар се обучувани и подгорувани со евро атлантските стандарди , со што како Армија сме компатибилен партнер во меѓународните операции а нашите припадници воено-стручно се рамноправни со припадниците на партнерските земји. Нашата Армија е армија во служба на секој граѓанин на Република Македонија и во секој момент согласно нашите капацитети е подготвена да одговори на предизвиците на новото време. Мустафа Кемал Ататурк со една реченица најдобро ја илустрира целата мудрост на постоењето на армијата ,,За мир дома и мир во светот,, . Во иднина ќе се водиме од мислата на Дарвин, Не опстојуваат најдобрите, туку најприлагодливите,, - кажа Тодоров, кој е заменик командант на Командата за обука и доктрини.
Со одбележување на 18-ти август, Денот на АРМ, се оддава почит за настаните кои се во нераскинлив континуитет со вековната борба на македонскиот народ за слободна, сопствена и самостојна држава. Тоа е денот од Народно Ослободителната Војна на Република Македонија, ден кога во 1943 година на Славеј планина е формиран баталјонот Мирче Ацев. Баталјонот како прва организирана формација на македонската војска претставува и прва регуларна единица на Народно Ослободителната Војска на Македонија, настан кој денес го одбележуваме како Ден на Армијата во самостојна и суверена Република Македонија.
По осамостојувањето на Република Македонија, во април 1992 година се промовираа првите единици на новата македонска армија. Се создаде армија согласно човечките и материјалните можности, но и армија на сите граѓани на Република Македонија . Од година во година капацитетите на армијата во континуитет се развиваат и зголемуваат. За во иднина стратешка цел останува полноправно членство на Република Македонија во НАТО Алијансата.
Tweet |