речник контакт

Во Велешкиот суд недостигаат тројца судии, лани го намалил заостатокот за 112 предмети

Годишниот извештај за 2022, за работата на судовите според Судскиот совет, за Основен суд Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе

Петар Печков

Основниот суд Велес 2022 година ја започнал со 2.737 нерешени предмети, во работа примил 25.443 предмети. Од овој фонд за работа решени се 25.555 предмети, а останале нерешени 2.625 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 112 предмети.Во 2022 година Основниот суд Велес се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 18 судии, додека во 2022 година работел со пополнетост од 77 проценти или 14 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Велес активни се 13 судии, од кои еден е претседател на судот. Позициите на други двајца се во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 3. Еден судија, во меѓувреме, треба да оди во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 65 лица.

ОС Велес, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 59 638 жители. Според тоа ОС Велес во 2022 година имал еден судија на 4.259 жители, или околу 23,4 судии на 100.000 жители.

Основниот суд Кавадарци 2022 година ја започнал со 889 нерешени предмети, во работа примил 11.966 предмети. Од овој фонд за работа решени се 12.211 предмети, а останале нерешени 644 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 245 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Кавадарци се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 10 судии, а во 2022 година работел со 70 проценти од потребните или со пополнети 7 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Кавадарци активни се 6 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 4.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 54 лица.

ОС Кавадарци, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 39.529 жители. Според тоа ОС Кавадарци во 2022 година работел со еден судија на 5 647 жители, или околу 17,7 судии на 100.000 жители.

Основниот суд Неготино 2022 година ја започнал со 980 нерешени предмети, во работа примил 6 779 предмети. Од овој фонд за работа решени се 7.097 предмети, а останале нерешени 622 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 318 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Неготино се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 5 судии, и единствен суд во земјава што во 2022 година работел со 100 проценти пополнетост, односно со 5 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Неготино активни се 4 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е еден, додека во меѓувреме еден судија треба да оди во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 27 лица.

ОС Неготино, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 31.971 жител. Според тоа ОС Неготино во 2022 година имал еден судија на 4 394 жители, или околу 22,7 судии на 100.000 жители.

Основниот суд Свети Николе 2022 година ја започнал со 923 нерешени предмети, во работа примил 5.241 предмети. Од овој фонд за работа решени се 5.307 предмети, а останале нерешени 857 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 66 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Свети Николе се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 4 судии, а во 2022 година работел со 75 проценти од овој број, односно со 3 судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Свети Николе активни се двајца судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 2.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 23 лица.
ОС Свети Николе, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 17.584 жители. Според тоа ОС Свети Николе во 2022 година работел со еден судија на 5.861 жител, или околу 17 судии на 100.000 жители.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »