речник контакт

Во Велешкиот театар се подготвува Онегин од Пушкин

Тоа ќе биде праизведба на оваа класика на македонските сцени

Петар Печков

Литературната класика ,, Евгение Онегин,,  до крајот на месецов ќе има премира во велешкиот театар,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.

Тоа ќе биде праизведба на македонските сцени, бидејќи овој текст на Пушкин досега не е одигран во земјава. Режијата и драматургијата се на Ѕвезда Ангеловска, сценографијата на Валентин Светозарев, кореографијата на Маја Каревски, додека како музичка илустрација се користени дела на Петар Илич Чајковски.

Во претставата како Онегин настапува Васил Зафирчев, и без малку комплетниот ансамбл на велешкиот театар. Во ролјата на Владимир Ленски игра Роберт Ристов, Татјана Ларина е Maja Љутков, Олга Ларина ја толкува Кети Борисова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »