речник контакт

Во Велешко 30 лица под надзор на полицијата, поради самоизолација за корона вирус

Велешанки во голем број биле за 8-ми март во Банско - Бугарија, па денес масовно се јавувале на повикот да се пријават

Петар Печков

Во Велес и велешко има 30 лица кои се под надзор на велешката полиција. Ова е одговорот кој го даде  за ТрМр портпаролот на СВР Велес за дали и колку лица тие  обезбедуваат со решение за самоизолација.

Во Општина Велес денес  има 25 лица, Општина Чашка пет, Општина Кавадарци 46, Општина Неготино 27 или вкупно 103.  Овие лица се под надзор, кои имаат потпишано решение дека ќе седат дома  и се под контролата во било кој дел од денот, дали се дома. Тие се под контрола - изјави Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. 

Појаснување зошто овие лица се контролираат даде координатор за состојбата со корона вирусот  во регионот, епидемиолог примариус д-р Билјана Трајкова од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. 

Кај лицата кои не ги применуваат обврските за самоизолација, се врши контрола, дали се дома или не. 90 отсто од лицата во самоизолација  се примерни и ги слушаа препораките -  изјави д-р Трајкова. 

Таа кажа дека денес имало голем прилив на лица, велешанки  кои се пријавиле по повикот дека за 8-ми март биле во Банско соседна Бугарија и дека тие треба да бидат во самоизолација. 

МВР отворена бесплатна телефонска линија - 0800 00 201 за  прашањата кои  се однесуваат на протоколите за регулирање на сообраќајот на товарни возила, транзитирањето низ нашата држава, функионирањето на граничните премини како и за информации поврзани со постапката за излекување на државјани на нашата земја кои се заглавени во некоја од странските земји и да пријави за  непочитување на препораките и одлуките донесени од страна на Владата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »