Петар Печков
Објавено: недела, 25 октомври 2020
Во Велешко денес, се регистрирани 20 нови случаи позитивни на ковид-19, што е највисока дневна бројка досега, со што вкупната бројка заразени се искачи на 505 лица. Оздравени има тројца или досега има 333 пациенти. Активни случи во велешко на лица со корона вирус има 149, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.
Од активните случаи 121 се на домашно лекување, 22 на Инфективно одделение, две родилки се на ГАК во Скопје, тројца се на приватни клиники во Скопје, едно лице е на Инфективна клиника во Скопје.
До пладне кога бројката на нови позитивни случаи беше 13 лица, само тројца од досега регистрираните случаи кажаа од кого се заразени, останатите не знаат. Што се однесува до воспитувачката од детската градинка, таа претходно една седмица не одела на работа и нема да има деца од градинката во изолација. За вториот случај на свештеник од велешко кој е позитивен, тие не посочуваат дали имале контакт со верници - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Вчера, сабота и завчера, петок, во велешко имаше шест, односно 13 нови случаи со ковид-19, оздравени биле само двајца за два дена.
На Инфективно одделение хоспитализирани се 42 пациенти, 37 се потврдено позитивни, пет се сомнителни, 15 пациенти на кислородна поддршка, капацитетот е 54 легла. Подолг период нема пациент од ова одделение, кој е префрлен на клиниките во Скопје.
За пациентите со потешки здравствени проблеми, редовно лекарите од одделението се консултираат со колегите од ГОБ 8-ми Септември и Клиниката на Инфективни болести од Скопје, со одговор дека терапијата која се применува таму е исто така која се применува и во нашата Болница.Пациентите кои имаат потреба од респиратор, се чека место и во државните здравствени институции и во Скопје - рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |