речник контакт

Во Велешко лани имало едно лице бездомник, не се регистрирани деца на улица

Податоците се однесуваат на подрачјето на општината Велес и Општините Градско и Чашка, за кои ЈУ МЦСР Велес како меѓуопштински центар е меснонадлежен

Петар Печков

ТрМр постави прашање дали и колку бездомници има на територијата на Општина Велес и колку има деца кои питачат. Одговорите се следни:  

Во текот на 2025 година во ЈУ МЦСР Велес имаше евидентирано едно лице како бездомно лице. За овие лица на територија на месно надлежноста на ЈУ МЦСР Велес нема центар за дневен престој, ниту  Центар за бездомни лица за привремен престој. Единствен таков центар функционира во рамките на ЈУ МЦСР Скопје и е со ограничен капацитет. ЈУ МЦСР Велес во рамките на своите надлежности им обезбедува на овие лица материјална, парична помош,  вклучување во Народна кујна за топол оброк, психосоцијална помош и поддршка, посредување со други институции, граѓани и слично, услуги на информирање и упатување и друго. 

Деца на улица  немавме исто така регистрирано во Центарот минатата година. Во соработка со инспекторите од МВР определени стручни лица од ЈУ МЦСР Велес прават обиколки на места во градот на кои најчесто е можно да се најдат деца што питачат, по претходно изготвен план и распоред на активности за евиденција на деца на улица. Планот се изготвува за период од три месеци и во планот се наведени датуми со време и место на кои се прават обиколки.  Исто така ЈУ МЦСР Велес постапува и по пријави за деца на улица. Доколку има такви  случаи се постапува итно најчесто по известување од полиција, а децата може да се згрижат во интервентно згрижувачко семејство додека не се најдат родителите и повторно се вратат во своите домови, по претходна проценка за најдобар интерес на детето и направена проверка.

Во случаи кога децата не се од територија на меснонадлежноста на ЈУ МЦСР Велес, се известува меснонадлежниот ЦСР и истите го превземаат детето. Стручните лица од Центарот ги откриваат причините за таа појава и настојуваат да го решат проблемот во најдобар интерес за детето. Најчеста причина е занемарената родителска грижа.

Податоците се однесуваат на подрачјето на општината Велес и Општините Градско и Чашка, за кои ЈУ МЦСР Велес како меѓуопштински центар е меснонадлежен.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »