речник контакт

Во Велешко лани намален бројот на пожари, граѓаните беа повеќе дома и се грижеа за имотот и домаќинствата

ТППЕ имала помалку интервенции и во соседните општини Градско и Чашка. Лани опожарени 15 автомобили

Петар Печков

Намален е бројот на интервенции кои противпожарната единица од Велес, го имала мината година, споредено со претходната. Лани велешките пожарникари имале  321 интервенција или за 30 помалку отколку во 2019-тата.  Тие покриваат подрачје на три општини, матичната Велес и соседните Чашка и Градско и во сите три има опаѓање.

Намалувањето на бројот на интервенции се должи на тоа што граѓаните поради ковид заразата беа повеќе дома, има можност да се грижат за имотот и домаќинствата. Влијание имаше и нашата едукација и кампањата за заштита од пожари - кажа Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Лани во Велес имало 296 интервенции, додека во 2019-та 303 а во 2018-та 239.  Најмногу, во 25 случаи опожарени површини со трева и дрвја, во  12 случаи интервенирале во пожари на куќи, во 15 на запалени оџаци и кровови, во исто толку  15 на опожарени возила а во четири случаи интервенирале  при  вадење лица од оштетени возила во сообраќајки, во пет влегувале во домови каде има починати лица. За разлика од 2019-тата кога во пожари починаа три лица, лани нема ниту еден.  

Намалување се бележи и во соседните општини. Во Чашка имале 18 интервенции наспроти 39 во 2019-та а во Градско седум наспроти девет во 2018-тата година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »