речник контакт

Во Велешко најголем дел од селските водоводи, природни чешми и бунари се бактериолошки и хемиски неисправни

Според последниот јануарски извештај на Заводот за здравствена заштита од Велес по последните анализи на водите во поширок регион најголем дел од селките водоводи, бунари и чешми се бактериолошки и хемиски неиспрвни.

Петар Печков

Во некои од населените места во Велес, Чашка и Градско  неисправноста на селските  водоводи и природни чешми е дури 100 проценти, а во некои со помал процент. Во најголем дел од селските водоводи, природни чешми и бунари со анализите е изолирано присуството на фекалната бактерија "eшерихија коли“, што значи дека водата е неисправна и небезбедна за пиење на  населението, и оти пред употреба водата треба да се преврива, вели д-р Снежана Петрова од Одделението по хигиена  при Заводот за здраствена заштита.

- Ваквата состојба е последица на нередовно и недоволно хлорирање на селските водоводи и природни чешми, а на што ние постојано им укажуваме на месните заедници во селата кои стопанисуваат со овие водоснабдителни објекти, потенцира д-р Петрова.

Освен со  бактериолошка неисправост овие води во селата во поширокиот велешки регион во 50 отсто од нив се и хемиски неисправни. Со анализите  било констатирано присуство на нитрати, нитрити и хлориди.

Заводот за здраствена заштита  континуирано секој месец  зема  мостри од овие води и ја следи нивната  исправност.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »