речник контакт

Во Владата на Мицкоски тројца министри родум од Велес

Биографии на тројцата министри, Димовски, Тошковски и Љутков

Петар Печков


Вчеравечер, недела, новата Влада на Христијан Мицкоски беше изгласана од страна на пратениците на собранието со  77 гласа „ЗА“ и 22 „против“.  Новиот владин состав  го сочинуваат  кандидати од партиите ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ.Во неа има и тројца министри родум од Велес.

Љупчо Димовски, кој во новата Влада е вицепремиер и министер за политички систем, е роден во Велес на 9 април 1959 година.Тој е лидер наСоцијалистичката партија, а беше пратеник во Собранието од 2020 до 2024 година, од 2016 до 2020, и од 2014 до 2016 година. Во периодот од 2009 до 2014 година беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во 2008 и 2009 заменик на министерот за транспорт и врски.

Панче Тошковски, кој е министер за внатрешни работи во новата Влада е роден во Велес на 14 јуни 1982 година. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет во Скопје и има положено адвокатски и правосуден испит. Тошковски беше министер за внатрешни работи и во техничката Влада во 2024 година. Во политиката влегува по повеќе од десетина години работа како адвокат во периодот од 2011 до 2024 година. Од 2011 до 2013 година бил член на одбор на директори на Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор сопственост на Република Македонија, додека од 2008 до 2011 работи како советник во Министерството за транспорт и врски.

Зоран Љутков, кој министер за култура и туризам е роден на 1 октомври 1977 година во Велес, Македонија. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде се стекнал со звање дипломиран драмски актер.

Листата на велешани дел  од највисоката извршна власт овие 33 години:

Кочо Анѓушев вицепремиер за економски рпашња, по предлог на  Стопанска комора 2017 2020

Славко Петров  (ЛДП) 2002-2004 Министер за земјоделие

Михајло Маневски (ВМРО-ДПМНЕ) 2006-2011 Министер за правда

Љупчо В`чков (СДСМ) 1996-1998 заменик министер за развој   

Јовица Андовски (СП)2011- 2017  заменик министер за здравство  

Љупче Пренџов (ГРОМ) 2014-2017) заменик  министер за локална самоуправа

Ордан Поп Андов (СДСМ) 1994-1995 помошник министер за земјоделие и шумарство

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »