Петар Печков
Објавено: вторник, 27 јули 2021
Теренската вакцинација денес продолжи во населените места во Општина Велес.
Прво населено место беше Горно Оризари. Таму беа аплицирани 39 вакцини, прва доза, кинеска „Синовак“.
Од вакциналниот пункт објаснуваат дека голем број жители од Оризари биле кај нив и претходно пуштиле некои прва, други веќе и втора доза, така што оваа бројка не е реална на жители од населбата кои се вакцинирале за заштита од ковид-19.
Претходно заврши вакцинацијата во Општините Градско, Лозово и Чашка, со прва доза. Теренска вакцинација продолжуваа утре со посета на селата Сливник и Клуковец.
Tweet |