речник контакт

Во Горно Оризари дете повредено од трактор, велешанец паднал од тераса и тешко се повредил

И детето и мажот кои се тешко поведени, во два одвоени настани, пренесени се на Клинички во Скопје

Петар Печков

Саботата доцна попладне, дете било повредено од трактор додека бил на нива.

„На 20 мај, сабота,   во 19.20 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Горно Оризари, велешко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако бил удрен од трактор додека бил на нива со неговиот татко“ - соопшти МВР.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот. Од Велешка болница соопштија дека детето поради скршениците е пренесено на Клинички во Скопје.

Вчера доцна попладне, околу 20 ч. велешанец З.А. ( 55 год) паднал од терасата на семејниот дом, на ул. Орце Мартинов. Повредениот кој бил во свесна состојба, дадена му била прва помош од екипата на Итната помош и префрлен е на ортопедија при Општа Болница Велес.

„Вчера вечер донесено е поведено лице, кое има повеќе скршеници, повреда на глава  и е пренесено на Клинички центар во Скопје “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »