речник контакт

Во Градско започна да се гради обиколница за тешките возила да не минуваат низ населбата

Во Градско воведена е бесплатна градинка за секое дете, се воведува и пилот проект, бесплатен оброк за учениците

Петар Печков

Во населба Градско  денес започна со изградба обиколница, улица која ќе овозможи тешките возила да не минуваат повеќе низ населбата. Таа се гради со преку  Министерството за транспорт и врски.

„Започнува со изградба оваа улица која што ние ја нарекуваме „Обиколница“, која што е тендерирана од Министерството за транспорт и врски, средствата се обезбедени од Светска банка и се износ од 7,6 милиони  денари. Обиколница  всушност треба да го растовари  сообраќајот во Градско. Односно тешките моторни возила кои што минуваат низ централното подрачје би требало да поминуваат тука“ - кажа градоначалникот Киро Нацков.

Тој потенцираше и за две активности на локалната власт, усвоени од Советот,   за кои нагласи дека досега  ги  нема воведено  никој   во Македонија.

„Прво е бесплатна градинка за сите деца во Градско односно средства кои што ги обезбедуваме од буџетот на општината и со кои што во целост всушност ги плаќаме придонесите на родителите кои што треба да ги одвојат за сопствените  деца за да одат во градинка. Втората работа која што почнуваме од вторник односно од 2-ри мај а тоа е бесплатен оброк, прво за децата од прво до петто одделение“ - додаде Нацков.

Градоначалникот откри зошто сега го започнавме сето оваа активност  кон крајот на школската година.
 
„Затоа што сакаме прво да видиме како ќе се одвива проектот, дали ќе има одредени аномалии, дали родителите ќе бидат задоволни, дали децата не дај Боже ја фрлаат храната и така натаму. Доколку се се покаже како што треба , од 1-ви септември продолжуваме со истата пракса, значи бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение, ако е са како што треба од  наредниот буџет од 2024 година тој ќе го надградиме, што значи дека ќе се однесува на сите деца, односно од прво до деветто одделение“- кажа Нацков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »