Петар Печков
Објавено: среда, 18 јули 2018
Од неодамна, од Иванден 7-ми јули во населба Градско е отворен првиот Хостел во пошироката велешка околија ,,Ж,,. Тој е лоциран во центарот на населбата и има капацитет од 20 гости, во шест соби. Сите имаат санитарен јазол. Отворен е 24 часа на ден а цел се транзитните туристи кои се на минување низ Македонија, на пропатување за Грција или Србија. Хостелот ,,Ж,, е сопственост и инвестиција на семејството Тасовски.
За сите гости организираме бесплатна посета на археолошкиот локалитет ,,Стоби,, езерото Подлес или до винарија Стоби. Се со цел да го искористат слободното време и да имаат пријатен престој и да одморат на минување низ Македонија - кажаа сопствениците.
Хостелот ,,Ж,, е единствениот во поширокиот велешки регион, вклучувајќи ги општините Велес, Чашка, Градско и Лозово.
Tweet |