речник контакт

Во Долно Јаболчиште мајка го уби шестгодишниот син

Сосила го извлекла од домот, за да го застрела а потоа да бара спас за смртно ранетото дете

Петар Печков

 Мајката со пиштол смртно го застрела шестгодишниот син Салко Х. во велешкото село Долно Јаболчиште.  Настанот се случил околу 15 часот во саботата,  кај месноста викана Нуришова чешма во близина на селото, кога мајката Џ.А. ( 30 год)  со еден истрел, од пиштол кој го поседувала без дозвола со калибар од 6,35 мм , го  убила сопственото дете.  Таа од домот сосила го извлекла синот за по извесно време да пука во него, за потоа да бара спас и се бори за неговиот живот.

Од засега непознати причини мајката влечејќи го за рака детето, со сила го изнела од семејната куќа,  го однела подалеку од селото и му пукала во стомак. Подоцна детето од  здобиената рана и искрварување починало на пат кон велешката Болница – изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес. Мештаните во селото Долно Јаболчиште се во шок и неверување, дека мајка може да а си го убие сопственото чедо.  Не зборуваат за инцидентот објаснувајќи дека не знаат или не биле таму во моментот кога се случил крвавиот настан. Сигурно е дека  Џ.А. имала психички здравствени проблеми и морала да прима терапија, која последните денови не ја земала. Така се бранела при распитот во полицијата.

Откако мајката пукала во детето, таа шетала со него низ околината барајќи спас, дури му давала и вода од реката да пие. Му се јавила на сопругот, кој е на времена работа во Италија, му кажала дека го застрелала, дека и е тешко и дека таа ќе си пука во себе. Тој веднаш се јавил кај братот. Деверот веднаш заминал кон местото од каде се слушнале истрели и ја пронашол снаата,целата крвава со детето во раце како бара спас за чедото. Го земал детето и заминал во Чашка, каде била Брзата помош и го предале на докторите. Тие се упатиле кон велешката Болница, но велат дека детето починало по пат. Таа живееше сама со седумте деца во куќата – велат жители на селото Долно Јаболчиште. 

Додаваат дека Џ.А. одгледувала седум деца, додека нејзиниот сопруг бил на печалба во Италија.  Едно заедничко со сегашниот сопруг, пет негови од претходната сопруга и едно нејзино од претходниот брак, кое и го убила. Сега, додека тој не се врати децата ги згрижил братот од таткото, оти немале ниту баба ниту дедо, а мајката била од село во близина на Скопје. Увид на лице место извршиле обвинител, истражен судија, полициска екипа на СВР Велес.

По наредба на истражен судија  телото на починатото дете е пренесено во институтот за судска медицина за вршење на обдукција. Џ.А. е приведена во СВР -Велес, по што е префрлена во Медицински центар -Велес на одделението за невропсихијатрија. Таму се разгледува нејзината психичка здравствена состојба, по што ќе  се поднесе кривична пријава за убиство и ќе се изведе пред истражен судија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »