речник контакт

Во Долно Караслари поставена спомен плоча на загинатите Француски војници од Прва Светска војна (фото видео)

Загинатите војници биле од Мароко, во најголем број, а имало и од Алжир и Тунис

Петар Печков

Спомен плоча на француските војници од муслиманско потекло, загинати во Првата Светска војна близу Велес е поставена во селото Долно Караслари. Со неа се оддава почит за загинатите војници, најголемиот број од Мароко а ги имало и од Алжир и Тунис. 

Тие загинале при пробивањето на „Македонскиот фронт“ во септември 1918-та година. Францускиот амбасадорот Сирил Бомгартнер порача дека Франција, своите жртви од Првата светска војна и по еден век не ги заборава.

„Овие војници познати како „мароканските спахии“  биле стрелци -тиралери, но и пешадинци - гумиери, спахии и зуави. Такви беа егзотичните имиња на нивните полкови. Некои од нив биле регрутирани, други ангажирани за надоместок, а трети пак биле доброволци. На овој  фронт генералштабот одлучил да ги упати трупите на колонијалната империја, поради нивната издржливост и поради топлата и сурова клима. Спомен плочата  е поставена во село, кое тогаш било населено со Турци, муслимани, место блиску до џамија. Тоа сведочи за постхумното внимание кое им било посветено на тие војници“ - кажа амбасадорот  Бомгартнер.

„Во нашата организација не престанавме да се сеќаваме на овие луѓе, на овие борци. Овој настан поставувањето на оваа меморијална плоча потврдува  дека жртвите остануваат во нашите срца. Овој момент е историско помирување со  Грција, Бугарија со Франција, Србија и Македонија. Помирување кое не води кон чествување на мирот како најголема вредност“ - кажа Серж Баратолини, претседатела на Здружението „Сувернир Франсе“ кое ја постави плочата.

Спомен плочата е поставена до споменикот кој во селото Долно Караслари датира  во 1930-та.

„Предложено било загинати француски муслимански војници од пробивот на Македонскиот фронт“ да бидат погребани заедно со српските загинати војници. Французите тоа го одбиле и барале да бидат погребани до муслиманско обележје. Затоа се погребани тука до селската џамија. Меѓу загинатите имало и Турци од Македонија од ова село Долно Караслари“- кажа Веле Алексовски потпретседател на    Здружението „Сувернир Франсе“.

Во селото Долно Караслари има споменик на српските војници загинати во Првата Светска војна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »