Петар Печков
Објавено: среда, 19 мај 2021
Редици од граѓани кои сакат да се вакцинираат за заштита од ковид-19 во Здравен дом Велес. Велешани од повозрасната група масовно се заштитуваат од корона вирусот и чекаа трпеливо за нивниот термин за вакцинација.
„Неколку дена се врши ревакцинација на лицата кои претходно примија вакцина од „Синофарм„ а од денес се вакцинираат и граѓани кои добиваат прва доза „АстраЗенека“. Евидентно е дека има голем интерес и затоа работиме не во една смена како досега туку до 20 ч“ - рече д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велес, каде е лоциран вакциналниот пункт.
Според нивната документација денес вакцина треба да примат 260 лица. Во велешко изминатите два дена, понеделникот и вторникот нема регистрирано нов случај на позитивен на ковид-19, во велешка Болница згрижени се 32 пациенти а активни се 86 случаи.
Пунктот за масовна вакцинација во Велес, според најавите треба да започне со работа од 25 мај, во спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски“.
Tweet |