Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 октомври 2019
Бројот на ученици во општинскиот ученички дом ,,Лазар Лазаревски,, бележи опаѓање. Ако капацитетот со пролетва распишаниот конкурс бил 221 ученик, во двата конкурса биле примени, две третини - 140. Или останале слободни 80 места. В.Д. директорот на оваа институција причина за намалениот интерес ја гледа во лошата уписна политика претходните години.
Проблемот со намалување на бројот на ученици е започнат пред 3-4 години. Тогашната извршна и локална власт дозволија отворање на две паралелки, една во Кавадарци, друга во Гевгелија, чии ученици учеа во Велес а одлеаја ученици од нашиот дом. Тука е и затворање на спортската паралелка во Гимназијата. Со ученици од тие три паралелки ние го полневме Интернатот и се бараше место плус. Годинава бројката на запишани ученици е уште помала, за жал - кажа в.д. директорот Марјанчо Јорданов пред велешките советници.
Објасни дека од вишокот простории пренамениле за медиотека, за теретана и за слободни активности за играорци и за карате.
Tweet |