Петар Печков
Објавено: среда, 09 август 2023
Во текот на вчерашниот ден, вторник, на две локации во Општина Кавадарци, откриени се четири експлозивни направи. Експлозивните средства се пронајдени во терминот од 9,30 кај село Фариш и во 10,30 кај Росоман.
„На 8 август, на трасата на изградба на магистралниот пат Градско - Дреново, кај селото Фариш пронајдена е артилериска граната од 105 мм. додека во сепарација кај Росоман пронајдени се две артилериски зрна од 105 и 82 мм и едно противавионско зрно од 30 мм. “ - соопшти Ефтим Митров, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Четирите експлозивни направи биле отстранети во периодот до 15,30 часот од страна на пиротехничар на ДЗС. Од таму додаваат дека на сепарациите кај Росоман често се пронаоѓаат неексплодирани гранати, најчесто од Прва Светска војна.
Tweet |