речник контакт

Во Кавадарци ќе се гради регионален центар за згрижување на бездомни животни, меѓу кои за тие од Велес

Вкупната вредност на проектот е 21 милион денари, од нив 11 милиони се од Министерството за локална самоуправа а 10 милиони од Швајцарската амбасада а проектот е аплицираан од Вардарски плански регион

Петар Печков

Потпишан е договор за изградба на регионален центар за згрижуање на бездомни миленици. Иститот ќе биде лоциран во Кавадарци. Проектот ќе се реализира преку Министерството за локална самоуправа, Швајцарската амбасада и Вардарскиот плански регион кој ги аплицраше и ја подготви документацијата. Вкупната вредност на проектот е 21 милион денари, од нив 11 милиони се од Министерството за локална самоуправа а 10 милиони од Швајцарската амбасада.

„Со потпишувањето на овој договор, започнуваме со реализацијата, оти преходно со проектната документација беа озбедебедни градежни дозволи“ – мкажа Сашо Мошев, директор на Вардарскиотмплански регион.

Овој стационар ќе биде регионален кој ќе се грижи за бездомните животни, вклучувајчи го и Велес. Од Општина Кавадрци најавија и формирање на ЈП за грижа за овие животни. 

Денес биле потпишани  од страна на Министерството за локална самоправа и швајцарската Влада седум регионални проекти вредни 2,3  милиони швајцарски франци.  Договори за финансирање на седум проекти за развој на планските региони во Македонија, потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман, во рамките на проектот “Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2”.

Целта е преку финансирање на конкретни проекти од кои корист ќе имаат повеќе општини во регионот, да се решаваат прашања од регионално значење како што е опремување на регионалната противпожарна служба во Североисточниот плански регион и Изградбата на стационар за кучиња во Вардарскиот плански регион и други проекти.

Планирана е и реконструкција на домот за стари лица во Берово во рамки на Источниот плански регион и реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид, како и фотоволтаични системи на јавни објекти во рамки на Југоисточниот плански регион.

Во рамки на проектите ќе се реконструира Центарот за белодробни заболувања во Отешево, а ќе се реконструира и старото училиште во Кучково за Центар за рехабилитација на деца излекувани од карцином, во Скопскиот плански регион

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »