Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јуни 2026
На репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена се три филма, еден е премиера.
Анимираниот „Приказна за играчките 5“ премиерно пред велешани. Вуди, Баз, Џеси и остатокот од дружината се соочуваат со нова закана кога се запознаваат со електрониката – нова закана која ги менува правилата на игра. Приказна за играчките 5“, од студијата Пиксар и Дизни, ни носи нова, разиграна авантура во која омилените играчки се соочуваат со предизвиците на модерниот свет. Нова закана за детската игра – паметната играчка Лилипад е таблет во форма на жаба, којшто ги менува правилата на игра и нивната мисија ја прави потешка од кога било. Се прикажува секое попладне од 18ч.
Најгледаниот филм во светот СФ драмата „Денот за разоткривање“ на Спилберг е во ударниот термин од 19,50 наредните седум дена. Ако знаевте дека не сме сами, ако некој ви го покажеше, ви го докажеше тоа, дали тоа би ве исплашило?
На второ место по гледаност е хорор комедијата „Страшен филм 6“ во вечерниот термин во Киноверзум Велес, од 22,15 до среда. Двајца пријатели повторно се наоѓаат вмешани во хаос што вклучува убијци, чудовишта и натприродни суштества.
| Tweet |




