речник контакт

Во Киро Ќучук работниците се напуштаат од работа а погоните се затвораат

Триесетина работници на велешки АД Киро Ќучук за неколку дена ќе заминат од друштвото како технолошки вишок.

Петар Печков

Триесетина работници на велешки АД Киро Ќучук за неколку дена ќе заминат од друштвото како технолошки вишок. Тие биле непријатно изненадени кога добиле писмно известување дека од септември месец им  прекинува работниот однос.

Ова е второ годинашно напуштање на работници од фирмата, претходно во април дома заминаа 50-тина други вработни  исто така прогласени технолошки вишок. Уште понепријатна била информацијата добиена при проверката во Фондот за ПИОМ за платениот стаж кога добиле одговор дека севкупно Керамичката индустрија не платила придонеси за сите вработени за пет години наназад.

Тие побаруваат и петнаесет неисплатени плати колку што е долгот и кон останатите 350 вработени во Киро Ќучук. Од почетокот на неделава затворен е погонот „Блок“ каде се произведуваа тули а веќе еден месец не работи и погонот „Превалец“ каде се произведуваше негасена вар.

Од раководството на друштвото дадоа одговор само за прогласениот технолошки вишок, кој бил во согласност за Законските решенија и тука немало ништо спорно, доека одговор зошто работниците се напуштаат од работа а погоните се затвараат нема.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »