Петар Печков
Објавено: недела, 03 февруари 2013
Во Куќата на Касапови, малкуте гости кои влегле а уште помалку од нив виделе,дека има извор каде живеат риби. Кладенецот е сместен во првата просторија од лево, која имала првична намена штала и од него стоката додека биде заклана, пиела вода.
Во тој кладенец и старите станари семејството Хаџи Арсови, но и денес се чуваат риби. Познавачите велат дека се утмани, уловени од вардар, тука се најмалку три години, иако и претходно имало риба, но тоа биле други примероци. Познавачите велат дека водата е солена и дека не замрзнува. Како доказ нека послужат и фотографиите, ко најдобро илустрираат, дека рибите живеат во извор кој постои во Куќата на Касапови.
Tweet |