речник контакт

Во Ликовен салон отворена изложба на плакати, дела на Лазе Трипков

Плакатите се од два циклуси Креативни рефлексии и Глаголицата, создадени 2020 -2023 година

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба  на плакати од Лазе Трипков, применет уметник, именувана „Визуелни рефлексии“. Изложени се 30 дела од два циклуси,  на творештвото на авторот од 2020 година па наваму.  

„Изложените плакати се од  цилусите Креативни рефлексии и Глаголицата. Делата се визуелни експресии. Глаголицата е осовременување на модерниот контекст за нејзино полесно разбирање на функционалноста. Плакатите кои ги изработив се моја рефлексија, мое доживување за начинот на кој сум го перцепирал затворањето за време на ковид, потоа за неможноста да се изразуваат лични  ставови или мислења за случувања на локално или меѓународно ниво. Сите плакати се мој визуелен одговор на случувањата“ – кажа авторот Трипков.

Тој е директор на Музејот на современа уметност во Скопје.

„При дизајнирањето на плакатот, како медиум за јавно информирање, авторот во преден план ги става редот и функцијата, повеќе инсистира на ликовниот дел, наспроти текстот кој треба да ја пренесе информацијата. Тој е исклучително плоден и успешен во овој медиум и преку уметничко обликување на графичкиот дизајн на плакатите не информира, толкува и пренесува пораки кои допираат до разни теми, за што всушност е и намената на плакатот“- кажа Елица Николова,  историчар на уметноста.

Организатор на изложбата е Народен музеј Велес и таа е дел од годишната програма финасирана од Министерството за култура. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »