Петар Печков
Објавено: четврток, 29 август 2024
Вторникот попладне во село Лозово се случил пожар во семејна куќа на ул. Братство и единство, во која смртно настрадала жена, која живеела сама на горниот кат. Пожарот го локализирале осумина членови на ТППЕ Свети Николе, кои пристигнале со две противпожарни возила. За пожарот и последиците информираа од МВР.
„На 27 август во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во село Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б. (59 год), која починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување“ – соопштија од МВР.
фото архива ТрМр
Tweet |