Петар Печков
Објавено: вторник, 31 август 2021
Државната Изборна комисија ги објави имињата на лицата кои поднеле и собрале потписи и за градоначалник и за членови на Совет.
Во поширокото опкружување, соседните општини на Велес, собрани се потписи за кандидатура за градоначалник и за членови на Совет и двете за општина Лозово.
Потписи собралe Јордан Павлов, кандидат за градоначалник на општина Лозово и Владе Миланов, листа на кандидати за членови на совет на општина Лозово.
Претходно ТрМр веќе објави дека во Велес група избирачи предводена од Гарп Мемиш, ги собра потписите неопходни за кандидатура за членови на Совет на општина Велес,
Групата избирачи кандидатурите за градоначалник и за советници, треба да ги достават до Општинските изборни комисии заклучно до 11 септември, каде ќе одат на проверка.
Tweet |