речник контакт

Во Лозово уапсено лице кај кое имало марихуана а ги нападнал и полицајците

Дополнително полицијата против Д.М. ќе поднесе соодветни пријави

Петар Печков

Вчера вечер уапсено лице во село Лозово, кај имал лична карта со место на живеење Велес, оти нападнал полициски службеници, откако тие кај него пронашле марихуана.

„На 16 ноември  во 22.50 часот во село Лозово, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.М.(24 год) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана, а при приведувањето физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“ -соопштија од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, полицијата  ќе  поднесе соодветни пријави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »