Петар Печков
Објавено: сабота, 17 септември 2011
Отворен е најголемиот трговски центар во светот ,,Westfiled stradford city ,, кој е изграден во Лондон – Велика Британија. Центарот има 300 продавници, 70 ресторани и коцкарници, а изградбата чинела 1,45 милијарда фунти.
Има паркинг за 5 илјади автомобили, 14 3Д кина, куглана со 14 ленти, три хотели, најголемото казино во Лондон и вработува 10 илјади лица. Се наоѓа на стратешко важно место на неколку метри од Олимпискиот парк и Стадион за Летните Олимписки игрите кои ќе се одржат 2012 година во Лондон.
Изграден е од 40 илјади тони челик, што е колку пет и пол Ајлфелови кули, а мембрана кровот може да покрие 10 фудбалски игралишта. Тој се наоѓа на стратешко важно место, бидејќи тука мора да минат сите туристи кои до година ќе ги следат Летните Олимписки игри.
Трговскиот центар е изграден во работничка четврт каде има бројни невработени, и лоциран е на површина од 18,6 хектари од кои корисна е 10, 2 хектари.
Tweet |