речник контакт

Во Македонија попишани 1.832.696 лица, 200 илјади граѓани помалку од пред 20 години

Каде има најмногу македонски државјани во светот а каде најмалку. Во многу егзотични држави живее по еден Македонец. Повеќе македонски државјани во малиот Лихтенштајн отколку во огромната Русија. Македонци има и во Северна Кореја

Петар Печков


Вкупно 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови се евидентирани со Пописот што официјално заврши вчера, а траеше 26 дена, почнувајќи од 5 септември.
Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските, а многу помалку од прекуокеанските земји.

Првичните бројки од спроведениот попис покажуваат дека во изминатите 20 години, бројот на население во Македонија се намалил за околу 200 илјади граѓани, споредено со пописот во 2002, кога во земјава беа изборени вкупно 2.022.547 лица.

Намалениот број на население, според поранешниот директор на ДЗС, Герасимовски е резултат на иселувањето и на значително намалениот наталитет во државата.

Според табелата на пописот Македонци има и во Северна Кореја и тоа 14  а во Јужна 5. Македонци живеат на Малдивите, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот.  

Во секоја земја во Африка живее барем по еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 200 нашинци живеат на  овој континент.

Најмногу Македонци има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2.  Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.

Валис и Футуна – еден од трите вулкански тропски острови во Океанија, каде живеат 12.000 илјади жители, е дом и на еден Македонец.

Бахами, Фокландските острови, Шри Ланка, Филипините, Бермуди и Боцвана, Парагвај, Сомалија, Уганда, Гватемала,  се дестинации на коишто е евидентиран само еден државјанин од земјава.

По еден Македонец е заведен во пописната евиденција и на егзотичните Кајманските острови, Камерун, Костарика, Кукови острови, Лаос, островот Ман, Ниуе,  Мавританија и Маврициус, Микронезија.

Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани, коишто живеат и работат на овие далечни дестинации. Двајца Македонци има и во Доминиканската република, Панама, Аланд острови.

Тројца македонски државјани изминативе години заминале на Антарктикот, исто толкава бројка живеат и во Џибути, на Фарските острови, во Еквадор, Замбија, Перу, Сејшели и Бонер, Сент Еустатиус и Саба.

На пописот се пријавиле и четворица во Виетнам и Камбоџа, во Свалбард и Јан Мајен, додека петмина Македонци живеат во Аруба. Девствените острови се дом за петмина иселеници од земјава, шестмина на Хаити, а десетмина Македонија ја замениле со Брегот Слонова коска како дестинација за живот.

 Во Авганистан живеат 76 Македонски државјани.

Во Европа најмногу Македонски државјани живеат во   Швајцарија 65.064, Германија 46.590, Италија 28.476, Австрија 11.758. Има бројни и во Скандинавските држави:  Данска 4317, Шведска 3977,  Норвешка 2032.  На Балканот најмногу Македонски државјани има во Словенија 4.030 па во   Хрватска 1.682,  додека во останатите помалку. Во државите од Поранешна Југославија   Косово 1.378, Босна и Херцеговина 611,   Србија 934 и Црна Гора 223.  Од останатите Балкански но и соседни држави состојбата е следна: Турција 2.388, Бугарија 581, Албанија 440, Грција 224, Романија 101, Молдавија  10.

Во  прекуокеанските држави Македонски државјани има во САД 9.120,  Австралија 3.171, Канада 1.874, Нов Зеланд 196.
И во петте најбројни држави на светот живеат Македонци- Кина 40, Индија 7, Индонезија 8, Бразил 20.
Во најбогатите земји Сингапур и Хонг Конг  живеат 25 односно 10 македонски државјани.

Во малата држава Лихтенштајн живеат  83 додека во Руска Федерација 72 Македонци.  Во Обединето Кралство има 2.832, а во Франција  1.941.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »