речник контакт

Во Маслодајна се монтира нова опрема за дестилација на маслото за јадење Кристал, инвестиција вредна над 4,5 милиони евра (фото видео)

Новата автоматизирана опрема овозможува производство на поквалитетно масло Кристал

Петар Печков

Во велешка Маслодајна во тек е реализaцијата на инвестицијата вредна  над 4,5 милиони евра. Денес  на постамент беше поставен дезодоризатор,  дестилациона колона, во која ќе се врши дестилацијата на маслото за јадење во новата рафинерија. 

Новата автоматизирана  опрема овозможува производство на поквалитетно масло. Процесот на пренесување и поставување  на дезодоризаторот беше тешка и специфична задача, бидејќи е тежок 8,5 тони, висок 18м и  има волумен од 25.000 литри.

„Во оваа колона се врши отстранување на несаканите мириси и примесни  од самото масло, кое е во процес на рафинирање. Со новата дестилациона колона ќе имаме посовремена технологија, со што ќе имаме и подобар квалитет на маслото за јадење, кое ќе ги задоволува највисоките стандарди. Со оваа инвестиција, не само што го подобруваме производниот процес, туку и придонесуваме за почиста и поздрава  животна средина“ – кажа Олгица Стојанова, директорка за производство. 

Фабриката и досега имаше опрема за дестилација, која останува во функција, така што во производиниот процес ќе има  две опреми за преработка на маслото Кристал. Комплетниот процес на монтажа на новата опрема треба да зврши до почетокот на септември.  

Новата опрема е набавена од шведската фирма „Алфа Лавал“. Велешка Маслодајна, која лани одбележа 100 години работа и постоење е единствениот производен капацитет во Македонија, која има заоркужен производен процес за добивање на масло за јадење со преработка на сончоглед. Поради тоа, таа и е единствен откупувач на оваа индустриска култура во земјава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »