Петар Печков
Објавено: сабота, 30 април 2022
Во Младинскиот парк се одржа дел од содржините за чествување на 7-ми мај, денот на македонската полиција. Тоа се организираше во повеќе градови низ државата- Струмица, Крушево, Струга и Крива Паланка.
На јавноста и беше изложен дел од опремата со која располага МВР. Гостинка беше државната секретарка Магдалена Несторовска а нејзин домаќин беше началникот на СВР Велес Славчо Бојковски и заменик градоначалникот Коста Нојков.
Присутните може да ги видат припадниците на Единицата за брзо распредување и Тигрите, како и опремата со која располагаат, потоа Граничната полиција со дневни и ноќни апарати за посматрања, термална камера.
Тука беа и припадниците на СВР Велес со штандови со опрема која тие ја користат при секојдневната работа, при увиди, криминалистичко- технички вештачења, при увиди на кражби и имотни деликти, алколизираноста на возачите, мерењето на јачина на звукот.
Беа претставени и сите возила, со кои овие организациски единци располагаат. Присутните ги забавуваше велешката група „Д Чикс“.
Tweet |