Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јуни 2011
Во петокот ноќта, во времето од 00,30-03,00 час од страна на полициски службеници на СВР Велес извршена е контрола во угостителски објекти лоцирани на градското подрачје.
Контролата се однесувала на присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24часот, точење алкохол на пијани и малолетни лица, како и мерење на нивото на штетна бучава која произлегува од угостителскиот објект. При тоа, извршена е контрола во угостителските објекти: ресторант „Болетус“ , „Софра“ , „Гуд Кафе“ и кабаре „Ноктурно“.
При извршено мерење на нивото на бучава во кабаре „Ноктурно“ со помош на фонометар, констатирано е дека бучавата ја надминува дозволената граница.
Исто така, саботата ноќта, во времето од 00,10 до 01,15часот извршена е контрола во угостителските објекти кафе бар „Стоунс“ , „Аквариус“ , „Ескејп“ , „Прего“ , „Сити“ и ресторант „Дионис“ , каде при мерење на нивото на бучавата со помош на фонометар констатирано е дека во ресторант „Дионис“ бучавата ја надминува дозволената граница.
И во двата случаи каде се констатирани прекршоците составен е Записник за извршено мерење со фонометар и за истите поднесени се Барања за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд.
За соседите на ресторан ,,Булетус,, нејасно е како е можно, во објекто во кој музика трешти до 5 наутро, никогаш да не е констатирана прегласен звук? И прашуваат има ли во полицијата луѓе кои им најавуваат на сопствениците на ресторанот за инспекцијата, па гласната музика во време на контролата, наеднаш во Булетус се стишува и ја снемува.
Од СВР Велес посочуваат дека ресторан за ,,Булетус,, има поднесено пркршочни пиајви за гласна музика а ќе испитуваат како и зошто во време кгоа таму има гласна музика а полицијата имаа контроли, таа прекинува. Бараат соседите да пријават веднаш штом регистраираат таков случај.
Tweet |