Петар Печков
Објавено: четврток, 19 декември 2019
Родителите на учениците и наставниците ја продолжија успешната традиција во ОУ Блаже Конески . Таму по 13-ти пат се одржа крводарителска акција а година се даруваа 27 крвни единици. Поголем дел од дарителите 16 беа мажи, а 11 беа од женски пол. На оваа акција за прв пат даруваа вкупно шест лица кои официјално станаа дел од најхуманото семејство во светот, информираа од Општинскиот црвен крст на Велес.
Акцијата која се реализираше за патронатот на училиштето воедно беше и последната во 2019 година на територија на Општините Велес, Градско и Чашка кои ги покрива Општинската организација на Црвен крст со седиште во Велес.
Голема благодарност до дарителите кои и оваа 2019 ја направија да биде многу успешна со натфрлен годишен план за повеќе од 200 проценти- велат од Општинскиот Црвен крст на Велес.
Tweet |