Петар Печков
Објавено: недела, 30 септември 2018
Според првичните неофицијални резултати од ДИК за неделниот референдум ,,Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?,, за ОИК Велес и соседните Чашка, Градско и Лозово, каде пребројувањето е завршено за сите избирачки места, состојбата е следна:
Во ОИК Велес на 84 избирачки места од 46.172 гласачи излегле 14.000 гласачи - 30.36% Од нив ,,ЗА,, биле 12.397 гласа а ,,ПРОТИВ,, 1.082 гласа - 7,73 %, додека 521 ливче било неважечко.
Во ОИК Градско на 11 избирачки места излегле да гласаат 1.014 гласачи од 3.136 запишани - 32,33%. Од нив ,,ЗА,, биле 888 гласа - 87,57% , 81 ,,ПРОТИВ,, - 8% а 45 гласачки ливчиња биле неважечки.
Во ОИК Лозово на 9 избирачки места од 2.038 гласачи излегле 779 или 38,2 %. Од нив ,,ЗА,, биле 577 гласа - 74,07%, ,,ПРОТИВ,, биле 133 гласа - 17,07 % а 69 гласачки ливчиња биле неважечки.
Во ОИК Чашка на 31 избирачки места од 6.008 гласачи излегле 2.436 - 40,55%. Од нив ,,ЗА,, биле 2.259 -92,73% а ,,ПРОТИВ,, биле 97 гласа - 4%, додека неважечки се 80 ливчиња.
Tweet |