Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 септември 2025
Државната изборна комисија ги објави податоците за бројот на гласачи по општини. Велес има 44.950 гласачи кои ќе гласаат на 83 избирачки места. Градско има 3.038 запишани гласачи кои гласаат на 11 избирачки места, Лозово – 1.905 со 9 избирачки места и Чашка – 6.141 со 27 избирачки места каде се гласа.
На овие локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври, од 83 гласачки места во Општина Велес, гласачкото место во Р`левци бидејќи има седум гласачи, помалку од 10, е префрлено во Бузалково. Избирачкото место во Башино село од зградата на училиштето, кое се реновира е префрлено во просторијата на Месната заедница.
| Tweet |




