речник контакт

Во ПЕ на Фондот на ПИОМ во Велес, има недоволен број на вработени

Директорот на ПИОМ вели работат на тоа секој што ќе поднесе барање за пензија, да ја добие во рок од 30 дена

Петар Печков

Во подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, во Велeс нема доволно кадар. Порaди тоа има проблеми со редовното извршувње на работните задачи а трпат коприсниците. Ова го кажа Никола Мемов, директорот на ПИОМ.  

„Во последните 15 години ПИОМ е целосно узурпиран, деградиран и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку аспекти. Има и кадровски дисбаланс. Фалијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија има помалку од потребниот број на вработени потребни за минимум функционирање на филијалите“ - кажа Мемов.

Тој најави модернизација и трансформација на ПИОМ во насока на поголема транспарентност, а ќе работат на тоа секој што ќе поднесе барање за пензија, да ја добие во рок од 30 дена.

„Само за октомври, од 1 893 барања заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети. а активни остануваат уште 2 500 барања“,вели Мемов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »