Петар Печков
Објавено: четврток, 24 октомври 2024
На сцената на Драмскиот театар во Пловдив Бугарија, беше изведена премеирата на претставата „Без крв“ која е копродукција со велешки театар. Режисер е Диана Добрева, работена по романот на Александро Барико.
Бесмртната љубовна приказна на Алесандро Барико „Без крв“ раскажува за одмаздата и завршува со простување. Тројца мажи, две деца и татко се заклучени во лавиринтот на граѓанската војна.
„Како да се раскине маѓепсаниот круг на одмаздата е прашањето на претставата, која го наоѓа одговор: само љубовта може ненадејно и милосрдно да ги затвори раните“ – пишува во информацијата на велешки театар.
Од велешки театар играат Васил Зафирчев, Исидор Јовановски, Филип Христовски, Кети Борисовска, од театарот од Пловдив Маргита Гошева, Константин Еленков, Патриција Пандева, Красимир Василев, Георги Вачев. Сценографија е на Валентин Светозарев, костимографија на Раде Василев и Елена Вангеловска, композитори се Јавор Карагитлиев, Сашко Костов кој ја изведува музиката во живо, кореографијата е на Олга Панго.
Продукцијата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар - Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес. Проектот се реализира со поддршка на Министерствата за култура на двете земји, Бугарскиот културно-информативен центар Скопје, како и Фондацијата Пловдив 2019.
Македонската публика ќе има можност да ја види претставата на 20 ноември кога е на програмата на МОТ во Скопје. Иако претставата е финансирана од годишната програма на Министерството за култура, таа во догледно време не ќе може да се прикажа на сцената на матичниот театар во Велес.
Tweet |