речник контакт

Во Росоман регистриран случај на Западно-нилска треска

Во Велешко има регистирани три случаи

Петар Печков

Регистиран е случај на 3ападно-нилска тpеска во Рoсоман, кај жена на 66 годишна возраст. Истата е хоспитализирана. Ова е информација од Институтот за јавно здравје на Македонија.

Тоа е единствениот нов случај во земјава изминатите седум дена. Досега во Македонија има регистрирано 71 случаи  на оваа заразна болест.   Досега има починато 10 лица, сите мажи.

Во Велешко има три случаи заразени со 3ападно-нилска треска, еден во месец мај во Велес, еден во велешко село и еден во село во општина Чашка, двата во септември. Сите се мажи.  

Во Вардарскиот регион има по еден случај во Кавадарци и Свети Николе. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »