Петар Печков
Објавено: петок, 25 јануари 2019
Јавното обвинителство во српскиот град Лесковац отворило истрга за смртта на велешанецот Славчо Петров (30 год). Обвинителството започнало истрага за кривичното дело,, тешки дела против здравјето на луѓето,,.
Тој почина на почетокот од годинава на 7-ми јануари а неговата сестра Биљана Јовановиќ виновник за смртта на брата си Славчо гледа во Мирољуб Петровиќ директор на Центарот за природни науки. Кај Славчо докторите констатирале тумор на мозокот.
Биљана за Петровиќ знаела за него одамна преку тв, печат, како голем стручњак кој лечел неизлечиви болести. Минатата година на Клинички во Скопје во март бил дијагностициран бенигнен тумор на мозокот. Бил лоциран на тешко достапно место кај делот кој управува со моторичкиот систем. Стапила преку писмо во контакт со Петровиќ, кој дал терапија за еден месец, цедени сокови, сирова растителна храна, тинктура, молитви во Бога, прошетка.
За ова плаќал 600 до 800 динари по шише а за престој во неговиот Центар по 120 евра од дена престојувал шест дена. Славчо кој бил менаџер во познат хотел во Македонија, имал епилептични напади и после овие терапии не се чувствувал ниту подобро, ниту полошо и дал совети да не посетува доктор.
Мирољуб Петровиќ како надрилекар, не се чувствува за виновен и смета во изјава за српските медиуми дека тој не лечи туку дава совети како човек сам да се излечи со здрав живот. Додава дека никогаш не го сретнал, ниту се слушнал со Славчо Петров а советите ги давал преку сестра му.
Tweet |