речник контакт

Во Стоби се врати мозаикот во базиликата и се реставрира амфитеатарот

Крајна цел е локалитетот да се самофинансира

Петар Печков

По 16 века мозаикот од Епископската базилика во локалитетот Стоби повторно е пред јавноста. Дваесет и четири години се работело на негова реставрација и од неодамна тој е поставен на местото каде бил во 4 век. Старата епископска базилика е еден од најстарите ранохристијански објекти во Македонија и потекнува од доцниот 4 век а мозаикот е најголемиот поден досега познат  во Македонија. 

Конзервацијата е започната 1991-ва година  од страна на конзерваторискиот центар, ние како НУ го доработуваме од 2012-та и  еве конечно е завршен. Тој е пред сите Вас во целиот свој сјај и раскош.  Значаен е што е дел до најстарата Епископска ранохристијанска базилика во Македонија но и по своите уметнички квалитети.  Мозаикот нуди нови научни сознанија за фазите на поставување. Беа познати две фази, сега се открива  и  трета фаза. Мозаикот  е со геометриска и флорална декорација, што е  типично за тоа време 4-ти век.   Како медалјони се сретнуваат молитви, монограм на Христос. Најзначаен податок е што во втората фаза, во едно поле се сретнува   и  открива име на Епископ кој  ја реновирал базиликата  и кој не го знаевме претходно. Тоа е Епископ Евстатиј а на мозаикот е запишано ,,Светата црква се обнови во времето на пресветиот Епископ Евстатиј,,   - рече директорката на НУ   Стоби археолог Силвана Блажевска.

 До крајот на годината таа најави дека  ќе се работи на  мозаикот во нартексот од базиликата а следната година и најславниот мозаик од крштелницата, во јавноста познат по мотивите со пауните.  Крајна цел на  сите овие активности е НУ Стоби еден ден да  се самофинансира. Мозаикот има 180 м2 од кои 160 м2 се целосно покриени а 20 м2 поради оштетувањето не можат да се реконструираат.   Конзервирани се и фреските од базиликата  и тие наскоро ќе бидат вратени на ѕидовите  а ќе се гради и кровна конструкција за нејзина заштита.  Овие 24 години на реставрација на мозаикот работеле многумина конзерватори. 

 Мозаикот бил одделен на 72 помали парчиња, пренесен во лабораторија, работилницата каде сите овие години макотрпно е реставриран.  Поставен е на алуминиумско саке, кој заштитува од влага, оти сведоци сте дека  таа се јавува по ѕидовите од објектот. Парче по праче е враќан, работена е  конзервација. Мозаикот е на челична конструкција не на бетонска, како што досега се работело и  тоа е прв  пат во регионот. Откако тој бил изваден, извршени се испитување под  него,  да се истражи што има. Заклучивме дека има други градби, кои заслужуваат да бидат истражени во некое друго време.  Базиликата е најзначајниот христијански наод во локалитетот.   Над неа пронајдени се други мозаици,кои се сочувани и се дел од зачуваното богатство на Стоби.  Тие  мозаици се од 5-ти и 6-ти век и се дел од базиликата на Епископ  Филип, треба допрва да се изучуваат - рече конзерваторот Мишко Тутковски.

Лани  локалитетот Стоби го посетиле 14 илјади гости и има мал прогрес во однос на 2013-та. Посетата е од април  до октомври. Бројот на посетители бил подеднаков на домашни и странски. Најчести гости се учениците од земјава, основци и средношколци. Археолошкиот локалитет Стоби има вкупно 1.600 м2 во различни градби. Годинава акцентот на работа е на стариот театар, кој кога ќе биде готов ќе може да прими 4 илјади гледачи. 

Проектот за конзервација и реставрација на театарот во Стоби претставува капитален повеќегодишен зафат, чија целосна реализација ќе овозможи уште поголема афирмација на нашето културно наследство,  а Република Македонија преку овој проект ќе добие уште една атрактивна сцена на која ќе се одвиваат различни културни манифестации. Втор значаен проект кој се случи на овој локалитет е враќањето на мозаикот, што е од исклучително значење, не само поради своите уметнички и занетски квалитети, староста и големината, туку и заради научните информации кои ги нуди. Сето ова ќе понуди поголем број посетители - рече министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »