Петар Печков
Објавено: среда, 03 мај 2017
Донесен е Детален Урбанистички план за местото викано „Трепезица“. Со ова се отвора можност каде градот ќе се проширува а градењето ќе биде планско и урбанизирано. На 69-та Седница на Советот на Општина Велес едногласно беше донесен овој ДУП.Новиот плански опфат е со површина од 41,77 хектари.
Со овој Детален урбанистички план предивдени се 361 парцела за изградба на индивидуални куќи, 2 плацеви за градинки и 1 за изградба на Трговски центар. Дел од овие плацови се изградени. На нив веќе постојат објекти кои сега ќе се вклопат во планот. На останатите плацови каде нема изгадено никакви објекти сега многу полесно може да се извади дозвола за градба – изјави градоначалникот на Општина Велс – Славчо Чадиев.
Со овој ДУП во местото викано „Трпезица“ ќе се запазат сите стандарди при изработка на сообраќајници, тротоари и стамбени единици.
Tweet |