Петар Печков
Објавено: петок, 21 август 2026
Крводаритeлска акција беше реализирана во населба Чашка, на која беа дарувани 24 крвни единици. Од нив петмина биле првократни дарители, лица кои за прв пат дарувале крв и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Акцијата се одржа по повод 21 Август – Денот на Општина Чашка, која оваа година одбележува 30 години, јубилеј од своето постоење.
Организаторот на крводарителската акција, Општинската организација на Црвен крст Велес, ја оценува како успешна. Таа е реализирана заеднички со Институтот за трансфузиона медицина, и со поддршка од ОУ „Тодор Јанев“ каде се одржа.
Ова е втора од двете крводарителски акции кои се одржуваат секоја година во населба Чашка.
За в недела е закажана големата летна крводарителска акција, која се одржува во Велес, годинава по 34 пат. Овој пат во терминот од 9 до 15ч. во фоајето на велешки театар.
| Tweet |




