речник контакт

Во Чашка собрани 31 крвна единица

Претходно по повод 18-ти август, Денот на АРМ во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман беа собрани 17 крвни единици

Петар Печков

Традиционално 21-ви август Денот на Општина Чашка се одбележува и со крводарителска акција. Најхуманите граѓани од оваа општина, почитувајќи ги сите активни мерки и протоколи за заштита на јавното здравје, денес  даруваа 31 крвна единица.

Крводарителската акција се одржа во организација на Општинската организација на Црвен крст Велес   и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а се одржа во ОУ „Тодор Јанев“.

Оваа е трета крводарителска акција во Чашка во 2021 година. На досегашните се даруваа 81 крвна единица.

Претходно по повод 18-ти август, Денот на АРМ во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман се одржа исто така крводарителска акција, каде беа собрани 17 крвни единици.

За потсетување во август месец имаше  крводарителски акции и во Градско каде беа собрани 35 и на големата летна крводарителска акција во Велес во два дена се собраа 113 крвни единици.

Или во петте акции реализирани во месец август, собрани се околу 200 крвни единици  и со тоа беше натфрлен годишниот план за Велес,  од 1.861 крвни единици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »