Петар Печков
Објавено: сабота, 27 октомври 2018
Македонците со еден отсто и Молдавците со нула отсто имаат најниска стапка на одобрување на барањата на азил во земјите од Европската Унија, а по нив следуваат Грузија и Гана со по два отсто, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО). Истовремено, граѓаните од Македонија се и меѓу најупорните во нивната желба да добијат азил, односно заедно со граѓаните од Србија и Таџикистан се рекордери по бројот на повторни барања за азил.
Во текот на август, 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, покажуваат . Од тие барања, најмалку една третина се повторни барања, откако еднаш веќе биле одбиени. Бројките на ЕАСО, велат дека 919 граѓани на Македонија се уште чекаат одговор за нивните барања.
Ваквите бројки продолжуваат релативно стандардно ниво на барања, со оглед на тоа што во јули бројката на потенцијални азиланти од Македонија била 351. Затоа, пак, пред една година, односно во октомври 2017 година, барање за азил имале 505 македонски граѓани.
Генерално земено, во ЕУ во август имало 48 илјади барања за азил, што претставува пад од осум илјади. Стапката на одобрување на барањата е 33 отсто. Лицата од Сирија, Јемен, Етитреа и Палестина имаат најголеми шанси да бидат одобрени нивните барања.
Tweet |