Петар Печков
Објавено: сабота, 10 септември 2016
На 6-ти овој месец околу 19:50 часот на локалниот пат Велес- Башино Село на околу 100м пред бензинската станица бил запрен автомобил ,, Волксваген Венто,, со кумановски регистарски ознаки управувано од С.А.(37) од Скопје, а сопственост на Ф.Ф.
По запирањето на возилото од страна на полициски службеници на задните седишта биле забележани два куфери, а додека пак во багажниот простор на возилото, биле пронајдени три јутени торби со тревкаста материја. Од страна на полициските службеници за настанот веднаш бил известен јавен обвинител и од страна на судија за претходна постапка добиена е усна наредба за претрес на возилото.
При извршениот претрес на возилото на задното седиште во двата куфери биле пронајдени 84 најлонски пакувања со травкаста материја, а во багажниот простор во јутените торби биле пронајдени вкупно 94 пакувања со травкаста материја односно вкупно во возилото пронајдени при претрес биле 178 поголеми пакувања со травкаста материја.
По извршениот претрес извршен бил комплетен увид на местото на настанот, а пронајдените пакувања со тревкаста материја биле фотографирани и со потврда одземени од пријавениот и предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР. По завршеното вештачење утврдено е дека тревкастата материја преставува наркотична дрога марихуана во вкупно количество од 88,771 килограми.
Осомничениот С.А. бил приведен во полиција и во извршен разговор појаснил дека пронајдената дрога ја земал од две засега непознати лица од Косово, и не знаејќи ја содржината на вреќите и куферите тргнал кон Гевгелија.
За транспортот на пријавениот требало да му бидат исплатени според негово кажување сума од 2000-3000 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот С.А. определена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Првата информација која МВР ја пласираше во јавноста, се пишуваше за 150 кг. марихуана.
Tweet |