Петар Печков
Објавено: недела, 14 август 2022
Во текот на вчерашниот ден, сабота во населба Градско се реализираше крводарителска акција. На ена крв даруваа 34 лица./ Со тоа крводарителите од Градско ја докажаа нивната хуманост.
Во реализација на акцијата учествуаа Општинска организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје а таа се одржа во домот на културата.
Од ОО на Црвен крст Велес информираат дека традиционалната летна крводарителската акција годинава ќе се одржи на 21 и 22.08.2022 година, недела и понеделник, од 08 до 14:30 во просториите на ЛИКОВНИОТ САЛОН во Велес.
Tweet |