Петар Печков
Објавено: петок, 27 декември 2019
Во декемвриската акција на собирање на електронски и електричен отпад ппреземена е количина од 5,8 тони, информираа од Општина Велес, која ја спроведе заедно со ЈКП Дервен. Таа годинава се одржа по петти пат и предизвика голем интерес кај граѓаните.
Лани при истата акција беа собрани 2,9 тони е-отпад или годинава се собра двојно повеќе. Тој е предаден на овластениот колективен постапувач „Нула отпад“ ДОО Скопје за понатамошно постапување.
Најмногу од е-отпадот биле собрани тонери - 216, 97 телевизори, 65 кабли и жици, 50 хард диска, 45 мобилни. Акцијата се спроведе од 1-ви ноември до 1-ви декември и беше бесплатна а велешани максимално ја искористија да се ослободат од е-отпадот.
Tweet |