речник контакт

Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот Димовски викендов се вклучија повеќе служби, но резултат нема

Високиот водостој на реката Вардар создaва проблеми при претрагата

Петар Печков

И по девет дена нема трага од исчезнатиот Спасе Димовски, кого го однесе поројницата во село Белештвица, четвртокот попладне на 6-ти август.  Два дена во потрагата по  Димовски вклучен е и Тимот за одговор при катастрофи, од дел за безбедност на вода,  при Општинскиот Црвен крст од Велес.

Во текот на вчерашното попладне тие пребарувале од местото каде се претпоставува дека е однесен во водите на река Вардар, до Градскиот парк. Денес пребарувале од Мало мовче до село Ногаевци.  Во оваа активност учествувале четворица обучени доброволци кои го пребарувале теренот со чамец. 

Поголем дел од теренот е пребаран, меѓутоа водостојот  на реката Вардар, е мошне висок ни создава проблеми при потрагата. Многу полесно ќе биде ако имаме уште еден чамец  -  кажа Иле Попов заменик командир на Тимот за одговор при катастрофи. 

Теренот  покрај брегот се пребарува и поединечно а го пребаруваат во крајбрежјето и кајакари.  Како доброволци овие два дена учествуваат и припадници на Единицата за брзо распоредување а денес и екипи на ЕВН, но и логистичка поддршка од велешките пожарникари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »