Петар Печков
Објавено: вторник, 07 април 2026
Велешки театар го објави репертоарот за месец април. Редовните претстави продолжуваат по Фестивалот „5РЕ“ и продолжениот Велигденски викенд. Ќе се одиграат шест претстави со девет изведби за две седмици.
Новата премиера од крајот на март „Тестостерон“ ќе се одигра на 15 –среда и 21 –вторник, Мало невино убиство на 17-петок и 24 –сабота, Не можеме да платиме, нема да платиме на 18-сабота и 23 –четврток.
Со по една изведба се Госпоѓа министерка на 24 март, Синиот портокал на 29 април и детската наменска новогодишната, „Мачорот во чизми“ преработена за редовно одигрување.
| Tweet |




